Одржливост
Нашата групација

Нашата корпоративна мисија

Како семејна компанија, се обврзавме на трајно одржување на компанијата, како и долгорочно зголемување на нејзините вредности. Посветени сме на одржлив раст кој го постигнуваме со континуиран развој.

Основа на нашиот успех се нашите вработени.

Со нивно усовршување во сите области не поттикнуваме само поедници, туку истовремено обезбедуваме  успешен развој на целата групација. Тоа ни овозможува задачите кои бараат одговорност лесно да ги решаваме како денес, така и во иднина.

Нашата корпоративна мисија

Изјава за корпоративна мисија

Одржлив раст за создавање вредност
Посветени вработени за одлични перформанси

Визија Наша визија е да даваме единствена и сеопфатна здравствена услуга, навремено и на секое место. Визија Наша визија е да даваме единствена и сеопфатна здравствена услуга, навремено и на секое место.
Мисија Наша мисија е зачувување на здравјето на луѓето. Мисија Наша мисија е зачувување на здравјето на луѓето.
Стратегија Ние ги усогласуваме нашите активности со потребите на клиентите. Успехот на нашите клиенти е и наш успех. Стратегија Ние ги усогласуваме нашите активности со потребите на клиентите. Успехот на нашите клиенти е и наш успех.
Наша визија е да даваме единствена и сеопфатна здравствена услуга, навремено и на секое место.
Наша мисија е зачувување на здравјето на луѓето.
Ние ги усогласуваме нашите активности со потребите на клиентите. Успехот на нашите клиенти е и наш успех.
Нашите вредности
Сигурност
Проактивност
Почит
  • Визија

    Наша визија е да даваме единствена и сеопфатна здравствена услуга, навремено и на секое место. Тоа за нас значи дека низ целиот фармацевтски синџир на снабдување, за секоја група на клиенти можеме да понудиме најповолни услуги и производи. Нашиот широк спектар на услуги може да биде подеднакво корисен за фармацевтските производители, аптеките, докторите, болниците, фондовите за здравствено осигурување и пациентите. Тоа го постигнуваме со својата посветеност и синергија на нашите активности во областите на големопродажба, малопродажба и фармацевтски услуги. На тој начин сме совршена алка помеѓу призводителите во фармацевтската индустрија и пациентите. Заедно со нашите вработени ја обликуваме нашата иднина и продолжуваме да градиме одржливо и квалитетно управување со компанијата кон долгорочен успех.

  • Мисија

    Наша мисија е зачувување на здравјето на луѓето. Како водечки европски дистрибутер во фармацевтската индустрија, преку големопродажба, малопродажба и фармацевтски услуги, се грижиме фармацевтските производи да бидат во вистинско време и на вистинско место во 27 земји во кои работиме. Со тоа секојдневно даваме важен придонес за сеопфатнa и сигурнa здравствена заштита во Европа. Ова вклучува логистика за производителите ширум Европа, поддршка на аптеките преку различни услуги и сигурна логистика, стручно советување во нашите аптеки, како и целосна оптимизација на грижата за пациентите. Меѓу нашите клиенти се вбројуваат речиси 100.000 аптеки, милиони пациенти и потрошувачи, како и бројни компании од фармацевтската индустрија.

  • Стратегија

    Ние ги усогласуваме нашите активности со потребите на клиентите. Успехот на нашите клиенти е и наш успех.

    "Одличните перформанси се наш фактор за успех."

    Ова значи, од една страна да се стремиме кон највисок квалитет во нашето секојдневно работење, а од друга страна, да бидеме свесни и да водиме грижа за трошоците. Покрај тоа, ние многу сериозно ја сваќаме нашата еколошка и општествена одговорност.

Нашата корпоративна култура

Think together global – act local! Примената на успешни искуства и деловни решенија во сите наши компании е она што нѐ води напред. Суштинска предност во однос на конкуренцијата е конструктивната соработка што ги надминува границите на земјите и народите.

Низ цела Европа ние секојдневно учиме едни од други преку постојана размена на искуства, споделување најдобри деловни практики и поттикнување на размислување што го надминува опсегот на дејствување. Во исто време, се карактеризираме со единствено географско покритие на пазарот. Ова ни овозможува флексибилно и брзо да одговориме на специфичните локални барања.

Нашите вредности

Нашите вредности

Нашето работење е засновано на вредности кои важат во сите наши компании. Тие се темел за секојдневно исполнување на нашата мисија „We deliver health across Europe“.

  • Сигурност
    Сигурност
    Сигурност

    Ние го правиме тоа што го кажуваме. Може да се потпрете на нашите услуги и на највисоките стандарди за квалитет. Ги поттикнуваме индивидуални способности, потенцијали и мотивација на нашите вработени, за да продолжиме со унапредување на услугите за нашите клиенти. Конструктивната соработка која ги преминува националните граници и примената на успешни концепти е она што ни дава клучна предност во однос на конкуренцијата. Ние сме сигурен партнер во сите области поврзани со здравјето и благосостојбата на луѓето ширум Европа. За нас е од голема важност партнерската и отворената меѓусебна соработка како со клиентите, така и со добавувачите. Се одликуваме со постојан развој и доследност во спроведувањето на нови идеи, а благодарение на нашата стабилна деловна структура постојано ја унапредуваме нашата стратегија на работење.

  • Проактивност
    Проактивност
    Проактивност

    Акција, а не реакција. Се залагаме за јасни и напредни цели, брзи одлуки насочени кон резултати, како и за структурирана соработка. Запознаени сме со фармацевтските пазари во Европа и нивните предизвици. Преку постојаната меѓусебна размена која ја остваруваме едни со други, како и со своите клиенти и деловни партнери, имаме одличен преглед на пазарот. Тоа ни овозможува да ги утврдиме соодветните очекувања и флексибилно да реагираме на промените. На нашите клиенти им даваме соодветна поддршка во секое време.

  • Почит
    Почит
    Почит

    Здравјето е богатство! Свесноста за тоа го одредува нашето работење. Ние сме посветени на одржување на развојот на нашата организација почитувајќи ги сите законски стандарди. Нашата стратегија за успех се заснова на ефективна употреба на ресурсите за да постигнеме најголема можна профитабилност. Примарна задача за нас во секој момент е етички и фер начин на однесување кон деловните партнери, конкуренцијата и нашите вработени.